Свет Балкан Македонците во Албанија незадоволни од новата територијална поделба

Македонците во Албанија незадоволни од новата територијална поделба

„БИРН-Албанија“, со поддршка на Амбасадата на САД во Република Албанија, во градот Бурел организираше тркалезна маса посветена на прашања од новата територијалната поделба на земјата.

Претставникот на македонско малцинство, претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана – разгранок за Голо Брдо, Ули Халилај, ги истакна проблемите со кои се соочува македонското население во Голо Брдо, како и во другите краеви на Албанија.

Халилај рече дека со реформите во локалната администрација, етничките Македонци во Албанија се ставени во нерамноправна положба и се заложи планерите да остават барем уште една општина во Голо Брдо, по примерот на единствената во Пустец.