Дописници Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, рамноправен член на „Волонтеуропе“

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, рамноправен член на „Волонтеуропе“

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана примено е за рамноправен член на асоцијацијата „Волонтеуропе“ (Volonteurope). Седиштето ѝ е во Холандија, но секретаријатот на асоцијацијата е во Лондон, Велика Британија.

„Волонтеуропе“ е основана на 21 мај 1981 година, како меѓународна невладина организација во согласност со холандското право. Тоа е меѓународна мрежа за промовирање на волонтерството, активно граѓанство и на социјална правда во Европа и пошироко. Работи на сите нивоа, од локално до меѓународно ниво.

– „Волонтеуропе“ има 50 членови од 20 земји од цела Европа. Со овој прием, кој е силна потврда за нашата работа и меѓународна афирмација, Македонско друштво „Илинден“ од Тирана стана првото друштво на Македонци надвор од матичната држава, како и од Република Македонија, што станало рамноправен член на „Волонтеуропе“ (Volonteurope) – вели претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.