Македонија Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Грција, приведен е во Солун

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Грција, приведен е во Солун

Македонски државјанин учествувал сообраќајна несреќа на автопатот кај Атина при што починал грчки државјанин кој се возел на мотор, велат извори од Министерство за надворешни работи за „Мета“.

Од таму додаваат дека, македонскиот државјанин е приведен во полициска станица во Солун и од конзулатот на Македонија во Грција, му е обезбедена потребната помош, но понатамошната постапка во однос на него зависи од грчките судски органи.

Неофицијално, приведениот Македонец се очекува да биде изнесен пред истражен судија. Повеќе информации за овој случај, МНР најавува утре.