Видео Македонија во видеорекламата за „Часот на планетата Земја“

Македонија во видеорекламата за „Часот на планетата Земја“

Денеска, на глобално ниво беше премиерно прикажана официјалната видеореклама од „Часот на планетата Земја“, во која првпат се појавуваат инсерти и од Македонија.

Глобалниот тим реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето од плоштадот во Скопје во рекламата која ја гледа целиот свет, а може да се види во 58. секунда од видеозаписот.