Македонија Македонија последна на Балканот според слободата на медиумите

Македонија последна на Балканот според слободата на медиумите

Македонија има најлош резултат на Балканот во поглед на слободата на медумите, објави „Фридом хаус“ во најновиот извештај за слободата на медиумите.

„Новите рестриктивни закони и насилството врз новинарите придонесоа за глобално опаѓање на слободата на печатот во 2014 година, донесувајќи ја на најниско ниво во последните повеќе од 10 години“, пишува во извештајот.

Во извештајот пишува дека во последните пет години индексот на слободата на медиумите е опаднат за 10 поени и дека неколку опозициски ориентирани медиуми беа затворени во изминатиот петгодишен период, а новинарот Томислав Кежаровски остана во притвор во 2014 година поради сомнителните обвиненија дека го открил идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство.

Наведено е и дека Белорусија, Крим, кој е под руска окупација, Иран, Туркменистан и Узбекистан се меѓу 10-те најлоши земји и територии во светот според слободата на печатот.