Македонија Македонија ќе го добие првото верско радио

Македонија ќе го добие првото верско радио

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска донесе одлука да се распише јавен конкурс за верско, католичко, радио на територијата на Струмица.

Како што објаснија од стручните служби, првин Комисијата за односи со верските заедници поднела барање за такво непрофитно радио, а потоа со исто барање излегло и Здружението на граѓаните „Радио Марија“.

Со двајца отсутни членови на Советот, преостанатите петмина едногласно ја донесоа оваа одлука за, како што рече членот на Советот, Милаим Фетаи, и претходно имало такви барања, но не биле дадени дозволи.

Распишувањето конкурс е законска обврска, иако веќе е познат заинтересираниот што сака да го отвори.