Македонија Македонија ќе добие специјализирани продавници за органска храна

Македонија ќе добие специјализирани продавници за органска храна

Во Македонија има 400 оператори кои се занимаваат со производство на органска храна

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство планира да распише оглас за отворање специјализирани продавници за органска храна. Проектот би се реализирал во 2015 година.

Во Македонија има 400 оператори кои се занимаваат со производство на органска храна и тоа на површина од околу 3.500 хектари. Сертифицирани се 64.000 овци, 3.000 кози, 2.700 млечни крави, но, сепак, најголем интерес има за производство на органски мед.