Македонија Маглата ги пренасочи авионите од скопскиот на охридскиот аеродром

Маглата ги пренасочи авионите од скопскиот на охридскиот аеродром

Поради густата магла од вчера е отежнато работењето на скопскиот аеродром. Дел од летовите беа откажани, а дел пренасочени на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид и во соседните земји.

Откажани беа летовите за Виена и за Истанбул, а авионите од таму кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром се вратија назад. Летот од Загреб беше пренасочен во Приштина, а авионот од Базел слета во Охрид.

Скопскиот аеродром поради магла речиси секоја година во зимскиот период има проблеми во работењето.

Од „ТАВ Македонија“ информираат дека во овој момент е нормализирана состојбата на аеродромот „Александар Велики“.