Македонија Љупчо Зиков си поднесе оставка од лидерското место на Алијанса за позитивна...

Љупчо Зиков си поднесе оставка од лидерското место на Алијанса за позитивна Македонија

Оставка на претседателската функција на Алијансата за позитивна Македонија поднесе Љупчо Зиков, кој вчера до главниот одбор на партијата ја достави писмената оставка, во која, покрај другото, наведува дека е незадоволен од функционирањето на партијата.

„Оставката ја поднесувам заедно со поголем дел од членовите на извршниот одбор. Мојата и нашата процена е дека не постои брз начин за надминување на проблемите и на блокадите во Алијансата. Вака поставена, Алијансата нема услови да ја реализира својата визија и програма, која беше основниот фундамент околу кој се собравме во јуни 2013 година“, се наведува во писмената оставка што ја поднесе Зиков до партијата.

В недела ќе се одржи седница на извршниот одбор на партијата, на која се очекува и официјално да биде верификувана неговата оставка.