Македонија ЛП: МВР веднаш да ги приведе осомничените од синоќешните инциденти

ЛП: МВР веднаш да ги приведе осомничените од синоќешните инциденти

„Јасно е дека вчерашниот напад врз граѓани на Скопје по фудбалскиот натпревар Вардар – Шкупи има етнички предзнак и претставува најава на она што треба да се случува по секој натпревар од висок ризик“, се вели во реакцијата на Либералната партија (ЛП), во врска со вчерашните инциденти во Скопје, во кои неколку лица беа повредени.

„Со отсуството на полицијата при нападот на хулиганите, власта создава претекст на сето она што може да го очекуваме по секој ваков сличен настан. Затоа, директната вина јасно се исцртува во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ, а молчењето на нивните идни коалициони партнери покажува дека биполарноста и бинационалноста остануваат единствена карта во игра на „големите“ партии“, стои во соопштението на Либералната партија.

Од партијата бараат полицијата во најкраток временски рок да излезе со податоци и да ги приведе осомничените, бидејќи во спортивно „јасно е дека МВР и власта се обидуваат кумановското сценарио да се преслика и во Скопје“.

„Затоа, имајќи го предвид сето наведено, а тргнувајќи од фактот што плоштадот е дел од градот покриен со камери, доколку МВР веќе утре не излезе со податоци за осомничените и истите не ги приведе, јасно е дека МВР и власта се обидуваат кумановското сценарио да се преслика и во Скопје“, велат од ЛП, од каде повикуваат на смиреност кај граѓаните.