Економија Лозарите ќе бидат исплатени денеска

Лозарите ќе бидат исплатени денеска

Денеска истекува законски утврдениот рок за исплата на ланското грозје што винарската визба „Тиквеш“ го откупила од лозарите. Годинава, „Тиквеш“ планира да откупи поголемо количество грозје, односно 20 проценти повеќе од лани.

– Минатата година ја завршивме со 18 милиони килограми грозје, а за оваа плановите се откуп на 22 милиони килограми. Сè уште е рано да се оценува каква ќе биде бербата, но според состојбата на терен и редовните средби со кооперантите, почетоците се добри – изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Од „Тиквеш“ најавија и нова инвестиција од 1,5 милион евра од ИПАРД-програмата за осовременување на процесот за производство на висококвалитетно вино. Во таа насока е и континуираното вложување во технологија и во луѓе за осовременување на производните капацитети и за продукција на висококвалитетни вина.

Освен во регионот, „Тиквеш“ најмногу извезува во САД, Кина и во Велика Британија.