Свет Европа Лидерот на ИД ранет при воздушни напади во Ирак

Лидерот на ИД ранет при воздушни напади во Ирак

Лидерот на екстремистичката сунитска групата Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, е повреден за време на воздушните напади на коалицијата предводена од САД, соопшти ирачкиот премиер, Хајдер ал Абади.

Ирачките медиуми јавуваат дека Ал Багдади е ранет за време на бомбардирањето цели на ИД на границата меѓу Сирија и Ирак, но дека го преживеал нападот.