Македонија Либералната партија со поддршка на протестот на хонорарците

Либералната партија со поддршка на протестот на хонорарците

Либералната партија го поддржува утрешниот протест против измените на законските одредби за хонорарното работење и ја повикува Владата да го повлече спорното решение.

„Новото решение ги нарушува воспоставените односи меѓу работодавците и работниците ангажирани врз основа на хонорарна работа, нивното функционирање на пазарот и перформансите на фирмите. Особено истакнуваме дека хонорарната работа во основа е извор на дополнителен приход и законските измени ќе ги погодат, пред сè, давателите на интелектуални услуги и оние ангажирани на хонорарна основа во странските фирми“, се вели во соопштението потпишано од претседателот на ЛП, Ивон Величковски.

Од ЛП предупредуваат дека со овие законски измени Владата нема да ги дополни фондовите што таа ги осиромаши со своите погрешни политики во изминатите осум години.