Македонија Либералите го поздравија дополнителното обезбедување на границата

Либералите го поздравија дополнителното обезбедување на границата

Либералната партија го поздравува дополнителното обезбедување на јужната и на северната граница и истовремено ја повикува Владата да започне интензивна комуникација со европските и другите држави од регионот, „така што организираниот транзит на бегалците ќе гарантира нивен престој од најмногу 72 часа во Македонија до нивно безбедно заминување кон посакуваните дестинации во земјите од Европската унија“, соопштуваат од партијата.

„Разбирливи се обидите на бегалците, соочени со воените дејства на Блискиот исток, за спас на својот и животот на нивните семејства. Македонија, како и цела Европа има обврска да покаже хуманост и солидарност. Оваа состојба е реален проблем за земјата, која прераснува во зона на престој на бегалците. Без општ (европски) план и координирана акција, ризикува да ја загрози безбедноста на граѓаните на повеќе (транзитни) региони во Република Македонија, но и на самите бегалци“, се вели во соопштението на Либералната партија.