Македонија ЛГБТИ-заедницата постави посмртен венец пред канцеларијата на Марко Зврлевски

ЛГБТИ-заедницата постави посмртен венец пред канцеларијата на Марко Зврлевски

Мораториум со Основното јавно обвинителство и прекинување секаква соработка, денеска прогласија активистите на ЛГБТИ-центарот при Хелсиншкиот комитет, поради неразрешените шест напади врз нивниот центар.

Тие поставија посмртен венец за работењето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, за да го искажат револтот поради неразрешените случаи на брутални напади кои се случија во изминатите три години.