Македонија ЛДП на средба со либерал-демократските партии од ЈЕ

ЛДП на средба со либерал-демократските партии од ЈЕ

На лидерската средбата на либералните и либерално-демократските партии на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН), одржана во Загреб од 7 до 9 ноември, на која учествувала и Либерално-демократската партија од Македонија, едногласно биле поддржани и усвоени препораките за реформите на медиумите и за независноста на новинарството во Република Македонија.

„Либерално-демократската партија, поаѓајки од своите идеолошко-политички вредности, го поддржа овој документ. Препораката беше прифатена едногласно и истата ќе биде проследена до конференцијата на европските либерали, АЛДЕ, за нејзино конечно усвојување на ниво на европската меѓународна асоциација на либерално-демократските партии“, соопштуваат од ЛДП.

Препораките за реформи во доменот на медиумите и на независносто новинарство во Македонија, ги подготви ЗНМ, Европската федерација на новинарите и Синдикатот на новинарите и на медиумите.