Македонија Лавина на патот Дебар – Маврови Анови

Лавина на патот Дебар – Маврови Анови

На коловозот на регионалниот патен правец Дебар – Маврови Анови, во близина на Бигорскиот манастир, утрово се срушила лавина од снег, камења и од земја.

Сообраќајот е во прекин, а екипи на „Македонија пат“ го расчистуваат наносот.

Според Автомото-сојузот на Македонија, сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар за патнички возила е нормализиран. Останува забраната за движење на тешки товарни возила.