Македонија Курц: Ја замолувам опозицијата да се врати во парламентот

Курц: Ја замолувам опозицијата да се врати во парламентот

Австрија ќе направи сè што е во нејзина моќ за да го забрза процесот на решавање на спорот за името затоа што нерешавањето им штети на сите, рече министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој денеска се сретна со македонскиот колега, Никола Попоски, во Скопје.

Курц ја повика и опозицијата да се врати во парламентот.

– Како партнери, имаме очекувања околу тоа како некои работи треба да се одвиваат. Потребни се реформи во економијата и на полето на правдата, а ја замолувам и опозицијата да се врати во парламентот – изјави Курц.