Македонија Крводарителска акција во Амбасадата на САД

Крводарителска акција во Амбасадата на САД

Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија, ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање преку организирање крводарителска акција и акција за собирање прехранбени продукти и други средства.

Пред присутните, за време на дарувањето крв, ќе се обрати амбасадорот Џес Бејли, а тие што сакаат да даруваат, ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9 до 16 часот.