Македонија Кривична пријава за тројца шумски полицајци од Охрид

Кривична пријава за тројца шумски полицајци од Охрид

Ministria e punëve të brendshme

Тројца шумски полицајци од Шумската полициска во станицата од Охрид, А.Т. (49), И.С. (36) и Т.П. (34), заработија кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања. СВР од Охрид ги товари дека на 10 август 2014 година, во Охрид, кај месноста Видобишта, сопреле патничко возило, џип „мицибуши пајеро“, без регистерски таблички, управувано од лице од селото Велгошти, Охридско. Возилото било натоварено со 1,5 кубен метар огревни дрва, без жиг.

Шумските полицајци, на велгоштанецот му предложиле да замине од местото на настанот со алатите за сеча на дрва, додека во записникот и во потврдата за привремено одземени предмети, внеле невистинити податоци дека возилото и дрвната маса се од непознат сторител. Возилото, формално со записник и со потврда, го предале во ЈП „Македонски шуми“ во Охрид и поднеле кривична пријава против непознат сторител.

Два дена подоцна, шумските полицајци го подигнале возилото од стовариштето на јавното претпријатие, го сместиле во гаражата на Т.П. и го користеле за приватни потреби.

За случајот во полиција пријавел велгоштанецот кому му било одземено возилото, информираше портпаролот на СВР од Охрид Стефан Димоски.

В.М.