Дописници Кривична пријава за пензионирана државна советничка

Кривична пријава за пензионирана државна советничка

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против 65-годишната Ф.З.Ш. од охридското село Велгошти, поради постоење основано сомневање дека несовесно работела во службата.

Пријавената, во својство на службено лице, советник за првостепена управна постапка во Одделението за првостепена управна постапка во Охрид, при Управата за имотно правни работи на Министерството за финансии, со пропуштање на должен надзор или на друг начин, со очигледно несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, овозможила исчезнување на 52 поднесени барања за приватизација.

Станува збор за предмети кои во периодот од 2005 до 2012 година, пријавената Ф.З. Ш. уредно ги имала примено со интерни доставни книги, а кои заклучно до 26 март минатата година, до нејзиното заминување во пензија, записнички не ги предала и со истите не се раздолжила.

На ваков начин, на подносителите на овие 52 барања за приватизација, им била предизвикана штета од нивно дополнително реконструирање и обновување на предметите со нова писмена документација, но и штета со одолжување на временскиот период за нивно решавање.