Хроника Кривична пријава за дилер од Скопје

Кривична пријава за дилер од Скопје

Д.Ј. (33) од Скопје доби кривична пријава поради сомневање дека неовластено произведувал и продавал наркотици.

Како што соопшти МВР, пријавениот, на 26 февруари годинава бил во возило со уште две лица. Кај пријавениот, оперативци на единицата „Алфи“ пронашле повеќе видови наркотици.

По извршеното вештачење, било утрвредно дека станува збор за 40 таблети екстази, осум половинки од таблети екстази, два грама издробени таблети екстази и околу девет грама правлива материја амфетамин.

Судија на претходна постапка му одредила мерка притвор во траење од 30 денови.

Д.Ј. во период од 1998 до 2011 година петпати е кривично пријавуван за извршени имотни деликти и за деликти проследени со насилство.