Свет Европа Крајната десница најави формирање група против ЕУ во ЕП

Крајната десница најави формирање група против ЕУ во ЕП

Партиите на крајната десница од Франција, Холандија и од Италија соопштија дека имаат доволно поддршка за формирање група против ЕУ во Европскиот парламент, но засега не е јасно кој би влегол во неа.

Националниот фронт на Марин ле Пен, кој е против имиграцијата и против еврото, соопшти дека ќе оформи група наречена „Европа, држава и слобода“, што не им успеа минатата година, што ќе им донесе повеќе фондови, службеници и „тежина“ во собранието на ЕУ.

„Денеска во Брисел ќе ја претставам нашата група „Европа, држава и слобода“ напиша Ле Пен на својот твитер-профил, следејќи ги сличните твитови на нејзините сојузници, вклучувајќи го и лидерот на холандската Партија на слободата на Герт Вилдерс.

Се очекува Ле Пен и Вилдерс да одржат прес-конференција на оваа тема.