Македонија Коѕиас се сретна со Тачи

Коѕиас се сретна со Тачи

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пристигна во седиштето на Канцеларијата за врски на Грција за да се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас.

Предвидено е средбата да трае половина час, а по завршувањето нема да има изјави.

Откако ќе заврши средбата Тачи-Коѕиас, грчкиот министер во Канцеларијата за врски треба да се сретне со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а потоа во хотелот „Холидеј ин“ со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Премиерот Никола Груевски и грчкиот министер ќе се сретнат во Собранието.

Коѕиас имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, на која размениле мислења за вкупните билатерални односи.