Македонија Иво Котевски најавува тужби за клевета и навреда

Иво Котевски најавува тужби за клевета и навреда

Иво Котевски, портпаролот на Министерството за внатрешни работи, ги демантира сите текстови во кои се зборува за поврзаност на Министерството со групата што се претстави како „Македонски анонимуси“.

– Јас, лично, како помошник на министерот за внатрешни работи задолжен за односи со јавноста, најостро ги демантирам сите лаги и клевети објавени на неколку интернет-портали за наводно организирање или каква било поврзаност со групата што се претставила како „Македонски анонимуси“. Кон демантот се приклучуваат и сите колеги наведени во текстот. Во врска со сите објавени и пренесени стории, ќе биде поднесена тужба во согласност со Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда – пишува во демантот објавен на страницата на МВР.