Свет Балкан Косовскиот парламент ќе одлучува за специјалниот суд за воени злосторства

Косовскиот парламент ќе одлучува за специјалниот суд за воени злосторства

Парламентот на Косово денеска треба да донесе одлука дали ќе се формира специјален суд за воени злосторства што ги извршила ОВК.

Здружението на ветерани на ОВК за денеска најавува и протести, а од овие причини седницата досега неколкупати беше одложена.

Претседателот на здружението, Џавит Јашари, рече дека парламентот нема да го има потребното двотретинско мнозинство за да се донесе одлуката.