Свет Балкан Косово: Ни се закануваат три потенцијални терористички групации

Косово: Ни се закануваат три потенцијални терористички групации

Владата на Косово во стратегијата за предупредување од насилен тероризам, наведува дека идентификувала три терористички групации, пишува весникот „Коха диторе“.

Во документот што овој весник го има на увид, а владата на Косово го усвоила неделава, со страв се гледа на враќањето на државјаните на Косово, кои се бореле во Сирија и во Ирак.

– Како што се гледа од многубројните примери во Европа, радикализираните поединци можат да вршат екстремно насилство и против народот и против институциите во својата држава. Опасноста и Косово да биде мета на таквиот терористички напад, не може да биде исклучена – се констатира во стратегијата.

Во документот, најголемо внимание се посветува на екстремниот верски радикализам.