Свет Балкан Косово нема да создаде трибунал за воени злосторства

Косово нема да создаде трибунал за воени злосторства

Косовскиот парламент нема да создаде трибунал за поранешните команданти на паравоени формации, осомничени за воени злосторства за време на војната од 1998 и од 1999 година, пренесуваат локалните медиуми.

Парламентот во Приштина одлучил да не создава суд пред кој можат да се соочат осомничените за шверц со човечки органи за време на војната.

САД и ЕУ предупредуваат дека прашањето ќе биде ставено пред Советот за безбедност на ОН.
„Нема што да криеме“, изјавил министерот за надворешни работи на Косово и поранешен командант на паравоените одреди, Хашим Тачи, за време на дебатите.

„Разочарани сме многу од ова решение, но ќе треба да го почитуваме“, изјавил Самуел Жбогар, претставникот на ЕУ во поранешната српска покраина.