Македонија Контрабомби за Бошкоски на „Јутјуб“

Контрабомби за Бошкоски на „Јутјуб“

На видеосервисот „Јутјуб“ се појавија снимки од разговор меѓу Љубе Бошкоски и уште едно лице чиј лик е заматен.

Тие зборуваат за предизборната кампања на Бошкоски во 2011 година, за пари и за спорот за името со Грција.

На снимките, кои се со денешен датум на објава на „Јутјуб“, Бошкоски на соговорникот  му вели дека нема проблем да го смени името на државата во Северна Македонија, кое е за него најоптимално решение.

Двајцата се договараат за пари за изборната кампања, а во еден од четирите видеозаписи се гледа како непознатото лице му дава на Бошкоски извесна сума на пари.

Снимките се поставени на анонимен канал на видеомрежата, со псевдоним „Чкљ Чкљ“, а четирите видеозаписи се насловени „Вистината за Љубе Бошкоски“.