Технологија Конкурс за дизајн на пакување за кондом

Конкурс за дизајн на пакување за кондом

Конкурс за дизајн на кондом

Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје, во соработка со Фондацијата „Ем-Ти-Ви Стеинг алајв“ (MTV Staying Alive Foundation) од Лондон, објавува конкурс за дизајн на пакување за кондом, на тема „Дизајнирај го својот кондом“.

Конкурсот е дел од проектот „Приказни во сенка“, кој во наредниве три години ќе дејствува со различни активности наменети за едукација на младите, на тема сексуално и репродуктивно здравје, полово преносливи инфекции, ХИВ/СИДА.

Повикот е наменет за млади до 30 години, без разлика на пол, националност, образование и професија.

РЕШЕНИЕТО НА ДИЗАЈНОТ ТРЕБА ДА:
• Охрабрува и ги поттикнува младите на одговорно сексуално однесување (користење кондом, ХИВ-тестирање, почитување на родови и на сексуални права).
• Може, но и не мора да содржи слоган за ХИВ/СИДА, сексуално преносливи инфекции, бременост.
• Не осудува и не дискриминира.
• Не пренесува негативни пораки.
• И едноставно да биде забавен.

ГРАФИЧКИ КРИТЕРИУМИ:
Визуелното изразување е слободно. Можат да се користат различни техники како графички дизајн, илустрација, фотографија и сите визуелни техники.

ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ:
Визуелното решение мора да се достави во дигитален формат, и тоа:
• Kако работни формати AI, EPA, PDF
• И приказ на истите JPG или TIFF

Доколку визуелното решение е фотографија, да се достави во 300 DPI со димензија 80 x 75mm.
Креативното решение кое најубедливо комуницира со младите, ќе биде избрано од страна на тим составен од експерти во областа на СРЗП, младинска работа и активизам, графички дизајн.

НАГРАДА:
Авторот на најдоброто визуелно решение ќе добие награда од „Лотус ланџ чеир“ (Lotus Lounge Chair).
Победничкиот дизајн и авторот ќе се најдат на пакување за кондом која ке се печати во неколку илјади примероци, кои ќе бидат дистрибуирани меѓу младите во Скопје.
Наградата ќе биде доделена на 1 декември 2014 година, во Младинскиот културен центар – Скопје.

Креативните решенија се испраќаат на следната е-пошта: info@prikaznivosenka.mk.
Во пораката треба да бидат испратени информации за авторот: име, презиме, возраст и телефон за контакт. Со испраќање на идејните решенија, авторите се согласуваат да бидат објавувани во печатена или во електронска форма за потребите на организаторот на конкурсот.

Конкурсот трае до 15 ноември 2014 година, а победникот ќе биде објавен на 20 ноември на интернет-страницата www.prikaznivosenka.mk