Македонија Конференција за „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“ во...

Конференција за „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“ во Скопје

Идејата е конференцијата да претставува отворен форум за размена на тема енергетска безбедност во Западен Балкан

Конференција на тема „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата е во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер„ (КАС), во соработка со својот партнер „Аналитика“.

Идејата е конференцијата да претставува отворен форум за размена на мислења и искуства поврзани со енергетската безбедност во Западен Балкан, вклучувајќи го мислењето на различни чинители.

На конференцијата ќе учестуваат преставници од Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН, претставници од академската заедница, граѓанскиот сектор и од дипломатијата.

Во рамки на конференцијата ќе биде промовиран трудот подготвен од истражувачите од „Аналитика“, Андреја Богдановски и Ана Стојиловска, насловен „Состојбата со енергетската (не)безбедност во Македонија“, кој ја анализира состојбата со енергетската безбедност во Македонија и ги идентификува главните прашања кои ја отежнуваат подобрената енергетска ситуација.