Подглавна секција Концерт на рап-бендот КЕМ и гости во четврток во „Public Room“

Концерт на рап-бендот КЕМ и гости во четврток во „Public Room“

Овој четврток во „Public Room“ ќе се одржи сесија во живо на бендот KEM со поддршка од нивните пријатели Прва Гарда (Dope Kukjata) и Jiggy

Овој четврток во „Public Room“ ќе се одржи концерт или „сесија во живо“ на бендот KEM, со поддршка од нивните пријатели Прва Гарда (Dope Kukjata) и Jiggy.

Концертот ќе започне во 21 часот, а бендот препорачува да си ги земрте „најудобните чевли за играње“. Карти можат да се купат на следниот линк.

KEM е рап-бенд од Скопје кој го шари типичниот колорит на рап сцената во главниот град, хип-хоп бенд со нетипичен осврт на жанрот. Тие настапија на сцената во 2022 година, кога објавија серија синглови и албумот „Columba Noachi“, кој ја раздвижи сцената. Оваа година, КЕМ го издадоа нивниот втор албум „КАМЕН ПЛАМЕН ТАТКО“, со кој покажаа дека ги немаат исцрпено своите извори за свежа креативност.