Македонија Коњаниците од Горно Лисиче денеска тргнуваат за Крушево

Коњаниците од Горно Лисиче денеска тргнуваат за Крушево

Коњаниците од Горно Лисиче денеска попладне, од паркот Јане Сандански во општина Аеродром, ќе го почнат „Илинденскиот марш 2015“, кој ќе заврши на 2 август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Пред испраќањето на коњаниците од Горно Лисиче, кои се на возраст од 15 до 60 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево. Пред испраќањето на илинденците, ќе се организира музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.