Македонија Клиника за гинекологија: Пациентката имаше високоризична бременост со мртов плод

Клиника за гинекологија: Пациентката имаше високоризична бременост со мртов плод

На 25 октомври, во 20.10 часот, на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, настапи смртен исход кај пациентка на возраст од 38 години со шеста високоризична бременост која на клиниката е примена истиот ден со констатиран мртов плод во 24 гестациска недела и со тешки знаци на инфекција, стои во соопштението од клиниката.

„Со пациентката е постапено по сите протоколи во вакви тешки случаи, со максимален залог на дежурната екипа на гинеколози и анестезиолози од киниката за гинекологија и анестезиолози од КАРИЛ, како и на раководниот тим на гинеколошко-акушерската клиника, кој беше повикан и присутен на клиниката. Семејството на пациентката беше во целост навремено информирано за состојбата на пациентката. И покрај сите заложби на персоналот, за жал, дојде до смртен исход“, соопштуваат од клиниката за гинекологија.

Оттаму додаваат дека членовите на комисијата за следење и за унапредување на квалитетот за здравствената заштита итно се состанале за овој случај за да направат увид, при што констатирале дека биле испочитувани сите процедури.