Свет Свет Кина купи 24 руски борбени авиони „су-35“

Кина купи 24 руски борбени авиони „су-35“

Кина потпиша договор со Русија за купување 24 борбени авиони, ловци од типот „сухој су-35“, соопшти директорот на руската државна команија за извоз на оружје „Ростек“, Сергеј Чемезов.

– Со договорот, Кина стана прв странски купувач на воениот авион „су-35“- изјави Чемезов за весникот „Комерсант“.

Досега Русија беше единствената земја што го имала овој тип повеќенаменски борбен авион.