Свет Европа Киев бара остар одговор од Западот против Русија

Киев бара остар одговор од Западот против Русија

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, побара остра реакција против Русија во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти прес-службата на украинскиот претседател.

Порошенко за жестоките борби во клучното место Дебаљцев рече дека станува збор за „циничен напад“ на спогодбата за прекин на огнот и побара цврста реакција на ЕУ и на меѓународната заедница на акциите на проруските сили и на Русија.