Свет Свет Кери: Во Сирија ќе нема мир додека Асад е на власт

Кери: Во Сирија ќе нема мир додека Асад е на власт

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД и Русија се договориле околу „некои основни принципи“ за Сирија.

Кери истакна дека треба да се спротистават на милитантите на Исламска држава и оти на Сирија ѝ е неопходна политичка транзиција.

– Москва мора да сфати дека нема мир во Сирија додека на власт е режимот на Башар ал Асад – рече Кери, додавајќи дека утре би требало повторно да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров.