Хроника Ќе се прави нова обдукција на телото на Дениса во Македонија

Ќе се прави нова обдукција на телото на Дениса во Македонија

Синоќа, по пристигнувањето на телото веднаш почнала обдукцијата

Институтот за судска медицина во Скопје доби одобрение да направи нова обдукција и ДНК-анализа на телото на 23-годишната прилепчанка Дениса Маркоска, која беше пронајдена мртва во водите на Егејско Море. По консултација со Министерството за здравство и министертот Никола Тодоров, Алексеј Дума вели дека тие се подготвени да им излезат во пресрет на барањата на семејството на починатата девојка.

– Во согласност со одредбите од Законот за здравствена заштита, Институтот ќе ги направи сите анализи што ќе бидат побарани од страна на семејството на Дениса – вели директорот на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума.

Се очекува телото утре да пристигне во земјава, по што ќе биде однесено во Институтот за судска медицина.

Дениса на 12 септември исчезна од бродот „Серенисима“, на кој работела, додека тој пловел во водите на Егејско Море. Две недели подоцна, нејзиното тело беше пронајдено во фаза на распаѓање. ДНК-анализата што ја направија грчките власти била 99,9 отсто сигурна дека пронајденото тело е на девојката, но семејството се сомнева во оваа анализа и бараше да се направи уште една ДНК-анализа во Македонија.