Дописници Ќе се купи софтвер вреден 270.000 евра за регистер на градежно земјиште

Ќе се купи софтвер вреден 270.000 евра за регистер на градежно земјиште

Македонија ќе биде третата европска држава, по Словенија и Швајцарија, што ќе добие регистер на градежно земјиште. Во тек е меѓународен тендер за набавка на софтвер во вредноост од 270.000 евра. Проектот денеска во Штип го промовира директорот на Агенцијата за катастар, Славчо Трпевски, кој рече дека една од предностите на регистерот е што граѓаните по електронски пат ќе може да дојдат до извод од урбанистички планови.

– Со регистерот се скратуваат роковите за донесување урбанистички планови, се дава максимална техничка поддршка за изработка на плановите и нивна усогласеност, а веднаш ќе може да се  издаваат изводите од плановите – рече Трпески. Додека директорот Трпески ги кажуваше предностите на идниот регистер на градежно земјиште, во ходникот трпеливо чекаше штипјанец, кој заедно со своите соседи веќе десет години се обидува да си ја врати уличката што ја узурпирал локален моќник.

– Уличката што постоеше 70 години е одземена и приклучена на еден што гравитира таму. Ние граѓаните бараме да ни се одлободи уличката што е вцртана во урбанистичкиот план. Веќе десет години одиме по катастар, по секторот за урбанизам и немаме одговор. Сите си молчат, а десет куќи се без приод – регираше граѓанинот.

Во Штип се одржа отворен ден на катастарот. Граѓаните брзо ги завршуваа своите потреби на шалтерите, но некои од нив се пожалија на препраќање од служба до служба за да завршат одредена работа. Во одредени случаи тоа бара месеци, па и години. Како што рече еден од присутните граѓани, кој е на работа во Италија, Македонија треба да го следи примерот од развиените земји, каде по електронски пат или на еден шалтер се завршуваат имотн0-правните работи.

В.К.