Економија Ќе се гради нова зграда на Народна банка

Ќе се гради нова зграда на Народна банка

Народна банка на Република Македонија (НБРМ) ќе добие нова зграда. Новата административна зграда е предвидено да се гради на местото на сегашниот парк до Министерството за надворешни работи.

Новиот објект ќе се гради врз основа на идејното решение на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов.

Тендерот за избор на компанија што ќе ја гради административната зграда е отворен до 30 март, за кога е закажано и јавното отворање на пристигнатите понуди.