Македонија Ќе се доделат награди за најдобрите студенти од минатата година

Ќе се доделат награди за најдобрите студенти од минатата година

По повод почетокот на академската 2015-2016 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира доделување награди и пофалници на најдобрите дипломирани студенти во учебната 2012-2013 година и во учебната 2013-2014 година.

Ќе биде доделена и наградата „26 јули“ на најдобрите студенти во учебната 2014-2015 година од областа на архитектурата, општествените науки и на уметностите, како и наградите од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.