Македонија Казнети 160 возачи во Скопје, од кои 31 за брзо возење

Казнети 160 возачи во Скопје, од кои 31 за брзо возење

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат оттаму.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол“, велат во МВР.

Освен тоа, изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 54 за непрописно паркирање.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат оттаму.