Дописници Католичката црква во Албанија денеска ќе прогласи 38 католици за блажени

Католичката црква во Албанија денеска ќе прогласи 38 католици за блажени

Католичката црква во Албанија денеска во градот Скадар ќе прогласи 38 католици за блажени. Сите 38 католици ќе бидат запишани во книгата на блажени поради нивната маченичка смрт за време на комунизмот.

Мисата ќе ја одржи кардиналот Анџело Амато. Се очекува на настанот да присуствуваат високи црковни лица од Католичката црква.

Меѓу 38 албански маченици кои ќе бидат прогласени за блажени е и последниот надбискуп на Драч, Винценц Прендуши. Бил обвинет дека е непријател на народот, реакционер, ватикански шпион, а осуден е на дваесет години затвор каде бил мачен, исмејуван и понижуван на разни начини сè до неговата смрт.