Македонија Кандидати за полицајци се онесвестиле, засега сомнежот е на храната

Кандидати за полицајци се онесвестиле, засега сомнежот е на храната

На утринската смотра во Центарот за обука на МВР денеска, тројца од слушателите на основната обука за полицајци се онесвестиле и паднале, а по настанот уште некои кандидати за полицајци се пожалие на вртоглавици и на тегоби, соопшти МВР.

По инцидентот е повикана брза помош, која однела три лица во Клинички центар, од кои двајца биле веднаш пуштени, а еден бил задржан на лекување.

Како што соопшти МВР, екипата на брза помош по доаѓањето прегледала вкупно 38 слушатели на основниот курс за полицајци.

Потоа била повикана и Агенцијата за храна, чија екипа од кујната зела примероци на храна за испитување, соопшти МВР.