Забава Канаѓанец освои 43 милиони долари на лото

Канаѓанец освои 43 милиони долари на лото

На лотарија во Канада, Канаѓанец освои 60 милиони канадски долари (43,3 милиони долари).

Добитниот тикет од популарната игра „Лото-макс“ бил продаден во градот Мисисага, Онтарио. Добитните бројки биле 5, 8, 9, 12, 22, 39 и 45.

Уште осум „среќни“ тикети донеле големи добивки, во износ од еден милион канадски долари (722.000 долари).

Најголемиот џек-пот во историјата на Канада, 64 милиони канадски долари (49,5 милиони долари), беше освоен од лотаријата „6 од 49“ во октомври годинава.