Македонија Кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови

Кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови

На 5 јануари 2015 година (понеделник), на платото пред ТЦ „Бисер“ и пред трговскиот центар во населба Лисиче, од 12.30 до 13 часот ќе се одржи кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови.

Кампањата за заштита од пожари во пресрет на големиот христијански празник Божик, кога се палат бадникови огнови, како и за правилно користење на грејните тела во зимскиот период, ја организира Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“.

Целта на кампањата е да се едуцираат граѓаните како да постапат со огнот, кој претставува традиционален начин да се прослави овој голем христијански празник, а воедно претставува и потенцијална опасност за настанување пожари.

Исто така, Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ на 13 јануари 2015 година ќе одржи кампања со иста форма на едукација во пресрет на прославата на православната нова година, која традиционално се одржува во населбата Мичурин.