Македонија Камбовски: МАНУ е подготвена да се вклучи во решавање на политичката крза

Камбовски: МАНУ е подготвена да се вклучи во решавање на политичката крза

Aко се дојде до конкретно решение од лидерската средба закажана за 29 јуни, МАНУ е подготвена и активно да се вклучи во решавање на политичката криза, изјави денеска претседателот на академијата, Владо Камбовски.

– На нашето општество, очигледно му е потребен еден коперникански пресврт, еден квалитативен скок напред. Јас се надевам дека сите фактори кои учествуваат во овие разговори сега имаат таков интерес, имаат таква цел и ќе направат сè за ние, како општество, да го направиме тој скок – рече Камбовски.