Македонија Кај дете од три години дијагностицирана западнонилска треска

Кај дете од три години дијагностицирана западнонилска треска

Денеска институтот за јавно здравје од Скопје утврдило дијагноза, западнонилска треска кај тригодишен пациент од Прилеп, јави „Револуционер.мк“.

– Денеска официјално добивме информација дека во вирусолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје е утврдено дека кај пациент на тригодишна возраст е дијагностицирано западнонилска треска. Претходно пациентот бил хоспитализиран неколку дена на детското одделение во болницата во Прилеп. За пошироко наше епидемиолошко истражување дополнително ќе известиме – изјави доктор Татијана Мургоска-Станимировиќ, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Болеста се манифестира со треска и со главоболка, вкочанетост на вратот, дезориентација, кома, замор, конвулзии, мускулна слабост и парализа.