Македонија ЈСП со изменет возен ред за линијата 21

ЈСП со изменет возен ред за линијата 21

Јавното сообраќајно претпријатие информираше дека линијата 21 (Транспортен центар-Бардовци) ќе има измени во возниот ред во вечерните часови, од денеска.

„Имено, во петок и сабота, досегашниот термин 22.50 часот, се поместува во 23.05 часот. Во случајов, ЈСП Скопје го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите. ЈСП Скопје ја донесе одлуката по направените анализи на терен во соработка со Град Скопје, процедура која е неопходна при било какви измени на утврдениот единствен возен ред“, се вели во соопштението.