Македонија Јолевски во Полска на форум „Патот кон Европа“

Јолевски во Полска на форум „Патот кон Европа“

Денеска и утре во Вроцлав, Полска, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, ќе присуствува на Глобалниот форум во Вроцлав, каде ќе има свое обраќање на панел-дискусијата „Патот кон Европа“.

На дискусијата што ќе ја води Марцин Заборовски, директор на Полскиот институт за меѓународни работи, ќе се обратат и министрите за надворешни работи на Грузија и на Молдавија, додека на Глобалниот форум ќе учествуваат и претседателот на Полска, Бронислав Коморовски, министерот за национална одбрана на Полска, Томаш Шимоњак, министерот за надворешни работи, Грегорж Шчетина, и многу други.